Половина тон марихуана, запленета на граничниот премин Ќафасан!
Објавено: 26 ноември, 2012, во 22:54 часот
Дрогата била откриена во специјално направен бункер во приколката на камион со скопски регистарски таблички.
Камионот бил управуван од педесет годишен државјанин на Македонија.
Засега не се познати потеклото и крајната дестинација на дрогата.
Полицијата детали околу акцијата и откриените 500 килограми дрога најави за вторник.
