Внимателно возете има магла и остатоци од снег на патиштата!
Објавено на 25 јануари, 2013 во 08:58
На повеќе патни правци низ државата утринава има појава на магла, а слаб снег паѓа на Попова Шапка, Маврово и Пресека.
На планинскиот превој Ѓавато маглата е со видловост до 10 метри, на патниот правец Велес-Скопје, кај штипската петља – тунел Катланово до 30 метри, во Гевгелија, Делчево и Павлешевци до 50 метри и во Куманово до 100 метри.
Возачите особено треба да внимаваат на патот Велес – Гевгелија каде, поради магла, видливоста е намалена на помалку од 50 метри.
На останатите магистрални и регионални патни правци сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, а на повисоките места во западните и југозападните делови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.