АМСМ:Во тунелите кај Демиркаписката клисура времено се запира сообраќајот!

Објавено на 25 април, 2013 во 07:45

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Во тунелите на патниот правец Демир Капија –Удово завршено е периодичното сопирање на сообраќајот, но сеуште се изведуваат градежни работи и сообраќајот е регулиран со семафори за наизменично пропуштање на возилата.

На патниот правец Велес-Кадрифаково се вршат геодетски мерења. Поради присутност на изведувачи на патот потребно е повнимателно управување со возилата.

На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с.Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

Патниот правец Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот кај село Пепелиште, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила.

Патниот правец Ресен – Охрид преку Галичица не е прооден за сообраќај, сообраќајот се одвива до месноста Корита но само од охридската страна.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.