Урната зградата на ВМРО ДПМНЕ во Скопје!
Откако во изминатите неколку дена се вадеа вратите и прозорците, денеска, е урната зградата на централата на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, во центарот на Скопје.
Уривањето се подготвуваше изминативе неколку дена. Минатата недела од владеачката партија соопштија дека на локацијата ќе се гради нова зграда. Ќе ја градел инвеститор кој на ВМРО ДПМНЕ, како сопственик на парцелата, ќе и отстапи дел од изградениот простор.
-„Што значи приватен инвеститор го гради земјиштето во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ за свои комерцијални цели, а за возрат треба да отстапи најмалку 30 отсто од корисната изградена површина на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој случај ВМРО-ДПМНЕ нема никакви трошоци за изградба на објектот“, напишаа во соопштението, минатата недела, од ВМРО-ДПМНЕ./А.Д