Не палете оган на излетничките места!
Граѓаните да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожари од пошироки размери при посета на излетничките места за време на празниците, апелираат од Центарот за управување со кризи.
„Истовремено, ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. Апелираме до населението овој број да не се злоупотребува за лажни повици, кои би предизвикале несакани последици по мирот, спокојството и безбедноста на граѓаните,“ – велат од Центарот за управување со кризи.
Инаку, поради високите температури кои се очекуваат овие денови, се зголемува ризикот од избувнување пожари на отворени места.