До недела топло, од понеделник заладување!

Објавено: 2 мај, 2013, во 07:15 часот

Сончево и топло време не очекува и денеска. Попладне во западните, северозападните и југозападните предели ќе има развој на нестабилна облачност со можност за локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб источен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 33°C. Ув индекс 7.

 

Топлото  време со умерена облачност ќе се задржи се до недела. Максималната температура ќе достигне до 32 степени, а УВ индексот 6. Според најавите од метеоролозите од понеделник ќе започне период на нестабилно време со локални врнежи од дожд и пад на температурите за дестина степени.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.