Американски тим лекари ќе го оперира Најден!
Подобри денови најавуваат лекарите за Најден, новороденчето на кое веднаш после раѓањето некој му го пресекол јазикот.
По направените детални прегледи од тим на американски лекари кои деновиве се во работна посета на Детската клиника, била донесена одлука штом Најден наполни три месеци да му биде направена операција на јазикот, пишува „Дневник“.
Лекарите веруваат дека после операцијата за Најден ќе имало нов почеток.
„ Операцијата ќе ја извршат американски лекари во Скопје, со помош на македонски хирурзи. Американските лекари утврдија дека всушност голем дел од јазикот на Најден е отсечен и тоа што останало е одвај во функција. Најверојатно тие што го сториле тоа сакале да му го откорнат целото јазиче. Kога Најден дојде во болница му беше закрпен коренот на јазикот, сега е потребно да се направи реконструктивна операција. Тој е сега во стабилна здравствена состојба. Овој случај ги затече и лекарите од Америка зашто досега не се случило да работат со пациент што се родил без јазик бидејќи нема таков “ рече д-р Аспазија Софијанова, директорка на детска клиника.
Таа нагласува дека Најден ќе останел на клиниката се додека лекарите не го оспособеле за живот. Кај неа има голем оптимизам дека по реконструктивната операција, бебето
ќе можело да јаде и зборува, но и дека за артикулирање на говорот ќе бил потребен подолг пери за работа со логопед.