Фридом Хаус: „Македонија и натаму делумно слободна“!
Според извештајот на Фридом Хаус за слободата на медиумите, кој беше објавен вчера во Вашинготн, Македонија е во групата на делумно слободни земји.
На скалата од 0 до 100, Македонија има 56 поени. Директорката на проекти за слободата на медиумите при Фридом Хаус Карин Карликер, во разговор за Гласот на Америка, оценува дека генерално, политичката состојба во Македонија е мошне поларизирана и тоа се одразува на медиумите.
Во врска со актуелната дебата за новиот закон за медиуми, Карликер оценува дека на Македонија и треба саморегулирачка средина во новинарството.
Според овој извештај најслободни медиуми има во Норвешка и Шведска. Најмала медиумска слобода има во Северна Кореја и Туркменистан. Фридом Хаус оценува дека, генерално, во светот лани е забележан пад на медиумската слобода.