Средба Бесими – Аврамопулос, идната недела, во Атина!
Објавено на 2 мај, 2013 во 15:09
Средбата е закажана на 8 мај и ќе се разговара за билатералната соработка како и за европските интеграции. Други детали не се соопштени.
Информациите за средбата на вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими со министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Аврамопулос ги соопшти кабинетот на Бесими.
Посетата на Бесими на Атина денеска ја најави и грчкото Министерство за надворешни работи.