Берово и Малешевијата преполни со туристи за Велигден!
Објавено на 2 мај, 2013 во 17:07
Нема празно легло во туристичките капацитети во Берово и Малешевијата. По некое слободно место може да се најде само во викендиците на Абланица и покрај Беровското езеро.
Освен со домашни туристичките капацитети се полни со гости од Турција, од Србија и од Бугарија.
Голема посетеност е забележана и на локалитетите Равна Река, Спиково и Пехчевските водопади, крај Пехчево.
По повод празниците, двете општините, организиираат неколку манифестации и спортски натпревари во повеќе дисциплни./Б.Н.Т