Редовна авиолинија Скопје-Стокхолм
Објавено на 3 мај, 2013 во 10:41
Нова редовна авионска линија Скопје-Стокхолм е воспоставена од денеска, како дел од проектот за доделување финансиска подршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава.
Станува збор за директен лет од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до аеродромот „Скавства“ во Стокхолм, Кралството Шведска, кој ќе сообраќа два пати неделно, секој понеделник и петок, преку операторот Виз Ер (WizzAir).