Радио Слободна Европа: Интернет заедницата во акција за слобода на медиумите!
Интернет заедницата ја препознала заканата од нацрт-законот за медуми што се подготвува во Македонија. Акцијата на ССНМ, според Синдикатот, е дел од дебатата. На ваков заклучок упатувал бројот на порталите кои го прифатија повикот за затемнување на нивните медиуми што го упати Самостојниот синдикат на новинарите и медиумиски работници, по повод денешниот меѓународен ден на слобода на печатот, пренесува Радио Слободна Европа.
Советот за човекови права при Обединетите нации, правото на слободен пристап до интернет го смета за човеково право, а ние се соочуваме со озаконување на цензурата, и покрај фактот што во Уставот јасно се вели дека Цензурата е забранета со закон, изјави Тамара Чаусидис, додавајќи дека интернетот е неограничен ресурс за кој не важат државните граници и апсурдно е нашата држава да се обиде да го регулира.
Министерството за информатичко општество оцени дека новиот закон за медиуми е подготвуван согласно европските директиви и ги отфрлаат сите забелешки на Синдикатот дека постои опасност од цензура на интернет. Според ВМРО-ДПМНЕ, Синдикатот е продолжена рака на опозиционата СДСМ и затоа го отфрла овој предлог закон кој ,според партијата, долг период се подготвува и е во целосна координација со експерти од Македонија, новинари, но и експерти од ЕУ.
„Тие повеќе се одредуваат со речникот и намерата отколку што треба да им се одговори. Сепак треба да се напомене дека дебата и размена на мислења за закон за медиуми е основа на демократските системи и оваа акција е дел од таа дебата“, коментира Чаусидис.
Критики поради начинот на кој Владата сака да го донесе Законот за медиуми дојдоа и од Меѓународната заедница. Имено, според најновиот извештај на Фридом хаус објавен завчера, Македонија е најниско рангирана земја во регионот и од ланскиот извештај бележи пад за пет места. По објавувањето на извештајот и ЗНМ порача дека најзагрижена треба да биде владата.
Според претседателот на ЗНМ Насер Селмани, ако Владата не отстапи од намерата да донесе ваков закон, следната година Македонија ќе се дружи со нај неслободните земји по слобода на изразување,
Текстот е на Радио Слободна Европа