Им се подобрува состојбата на повредените деца во Кочанско!
Објавено на 3 мај, 2013 во 13:33
Лекарите се оптимисти дека здравствената состојба ќе им се подобри и на двете деца, 13 годишно девојче и 11 годишно момче, кои сеуште се наоѓаат во критична состојба по несреќата кај кочанско Оризари.
Нив денеска ги посети министерот за здравство Никола Тодоров.
Од детската хирургија на домашно лекување се пуштени две од вкупно 11 повредени деца додека на останатите здравствената состојба им се подобрува.
Сообрајќајната несреќа се случи пред два дена меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Тогаш тракторот во кој се превезувале децата на враќање од првомајски излет се преврте. Возачот и неговата сопруга загинаа. /А.Д