Претседателот Иванов им го честита Велигден на верниците!
По повод најголемиот христијански празник Велигден претседателот на Македонија, Горѓе Иванов упати честитка до граѓаните и православни верници.
– „Посакувам и овој Велигден, вдахновени од неговата симболика и значење, да го исполниме нашето секојдневје со љубов и дарување.
Нека овој голем ден донесе радост, светлина и љубов, и нека нè мотивира за градење вистински хуманизам и искрено човекољубие кон сите наши сограѓани.
Велигден е доказ дека не постојат ограничувања кои не можат да се надминат.
Со верба, надеж и љубов да продолжиме во градењето на просперитетна иднина за нашата татковина.
Најсрдечно Ви посакувам Велигден да го поминете во мир, здравје, радост и хармонија.
Нека е честит празникот и за многу години. Христос воскресна, навистина воскресна!,“ се вели во честитката од претседателот до верниците./А.Д