Премиерот Груевски им го честита Велигден на Поглаварот на МПЦ и на верниците!
„Велигден е денот што му дава значење на нашето создание, нашето постоење и нашата иднина,“ порача денеска Премиерот по повод најголемиот христијански празник.
„Тоа е денот што го создаде Господ, за да се радуваме и да ја славиме добрината. Преку Христовото воскресение луѓето го открија својот пример и научија да се раководат во животот според добрите вредности, научија да даруваат љубов, да шират добрини и да веруваат во нашиот Бог. Токму на Велигден, Богочовекот Христос ја принесе својата жртва за доброто на човештвото и преку своето воскресение го осветли патот на иднината“, се наведува во честитката на Груевски.
Семејствата да се поткрепат со силна љубов и искрена верба и да се градат искрени пријателства како и добрососедство, порача Премиерот.
„Да и бидеме верни на нашата земја и да се вложиме себеси за нејзин успех, за нејзин напредок, за заедничка и среќна иднина, за нови успеси, за напредна, достоинствена и модерна Република Македонија. Нека ни е честит големиот празник и нека е за многу години ! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ“, пишува во честитката на Премиерот по повод празникот Велигден./А.Д