АМСМ: Нормализиран сообраќајот преку Стража за сите видови возила!
Утрово од 08:00 часот сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила.
Патниот правец Ресен – Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.
На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента регулиран со семафори.
На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите, од 30.04.2013 до 12.05.2013 сообраќајот ќе се нормализира, односно ќе се одвива по двете сообраќајни ленти, а од 13.05.2013 ќе се врати на стариот режим со семафорско регулирање на сообраќајот (додека траат работите).
На делница Велес – Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.
Патниот правец Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот кај село Пепелиште, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини можни се подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата од вообичаеното време.
Од АМСМ ги информираат граѓаните дека излезе нова верзија на АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони, во која на само еден допир на располагање им се детални информации за патување во над 30 европски држави, како и информации за состојбата на патиштата, граничните премини и сл. АМСМ мобилната апликација може бесплатно да се симне на Google Play и App Store.