Денеска сончево и топло!
Времето денеска на првиот ден од големиот празник Велигден во Македонија ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 33°C. УВ индекс 7
Во Скопје во недела ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура до 30°C. УВ индекс 7
Во понеделник ќе биде претежно сончево и топло. Попладне во југозападните, западните и северозападните како и во крајните источни и североисточните предели развој на нестабилна облачност со врнежи од дожд и грмотевици а понекаде е можна и појава на град. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 31°C. Ув индекс 6.