Иванов: „Да им се посветиме на семејствата, особено на нашите деца“!
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод големиот празник Христовото воскресение – Велигден до сите верници упати честитка. Им посака здравје, среќа и благосостојба.
– „Христос Воскресе-Навистина Воскресе. За многу години да ни е Велигден. На сите христијани кои денес го слават овој голем празник им посакувам се најубаво, многу здравје, радост и среќа во животот. Да има многу добрини и убавини, изјави Иванов, кој присуствуваше на Светата Златоустова литургија во соборниот храм „Св.Климент Охридски“.
Сложни и обединети во семејствата и во државата за просперитет и успех на сите нас, порача Иванов.
– „Да им се посветиме на нашите семејства, особено на нашите деца. Да им даруваме многу љубов, радост и да им даваме многу надеж. Кога сме обединети можеме да ги совладаме сите предизвици со кои се соочуваме за добро на сите нас што живееме во Република Македонија,“ рече Иванов./Б.Н.Т