Охридските нуркачи го прославија Велигден под вода!

Објавено на 5 мај, 2013 во 12:42

Традиционално и оваа година членовите на нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности „Охрид“ од Охрид, големиот христијански празник Велигден го одбележаа под вода, објави Охрид њуз.

Празничниот обичај на кршење со велигденски јајца тие го изведоа во водите на Охридското Езеро. На овој начин на православните верници и гостите во Охрид им ги честитаа Велигденските празници.

Нуркачите објавија и видео на јутуб.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.