Владика Петар: „Жените виновни за разводите“!
Владиката Петар тврди дека жените се виновни за пропаднатите бракови. Тој смета дека поради нивната потреба да имаат одлучувачка улога во семејството се случувале раводите.
„Јас тврдам дека жените или ќе ја спасат, или ќе ја уништат нашата македонска нација и нашата Црква, затоа што она што ќе се зачне во утробите на мајките, треба да се роди ако сакаме да опстоиме и како нација и како народ и како држава и како Црква. Голем дел се разведуваат заради тоа што не сакале да се покажат смирени, заради горделивоста, заради тоа што сака секој да командува, заборавајќи на тоа дека глава на куќата е мажот, а жената е повластена на мажот, но не во смисла да и се одземени правата, таа има поголеми права од мажот “, рече Владиката Петар.
Според статистичките податоци, во Македонија во 2012 година се склучиле 676 бракови помалку од 2011 година, додека минатата година имало 263 повеќе разводи од претходната година.