Жерновски и одговори на Јанкуловска!
Запрашан од новинарите, денеска, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, одговори на прозивката на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. На повикот да престане со политиканство и да пријави кој му нудел мито, Жерновски рече дека неможе да ја разбере опсесијата со Центар но и дека знае за кампања против него која ќе трае 4 години бидејќи власта не може да прежали што го загуби Центар, пренесе А1.он.
Посочи дека министерката Јанкуловска пред да поставува прашања треба да одговори кој е наредбодавач и извршител на проектот „Пустец“.
“Таа треба да одговори кој ја даде наредбата и кој е извршител на проектот Пустец. Јас барав средба но никако да се одржи. Но јавноста мора да знае кој во ист ден ги издаде личните карти на граѓаните од Пустец, зошто тие се сместени по 60 во станови на јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор што исто така е прекршок бидејќи е без конкурс и потоа ќе можеме да разговараме за оние прашања што таа ги поставува“ рече градоначалникот Жерновски.
Тој потсети на случајот од 2007 година, кога српски милијардер бараше од премиерот да каже кој му нудел мито од 3 милиони евра,за кој до денеска Груевски не одговори.
„Компанијата „Делта“ бараше од Груевски да го посочи изворот и посредникот. Од тогаш поминаа 6 години, а Груевски молчи. Кога Груевски и Јанкуловски ќе дадат одговор, можеме да седнеме и да разговараме“, изјави Жерновски./А.Д
