Тројца Унгарци исчезнаа во Охридско езеро?!

Објавено: 9 мај, 2013, во 08:41 часот

Полицијата започна голема потрага по тројца унгарски државјни за кои се претпоставува дека исчезнале на Охридското Езеро, пренесе Охрид њуз.

Тие деновиве влегле со автомобил во земјава кој бил пронајден кај Градиште. Тројцата Унгарци со чамци влегле да рекреираат на Охридското Езеро по што им се губи трага.

Од СВР Охрид велат дека засега нема докази дека се случила трагедија.

На терен се патроли на езерската полиција кои вршат интензивно пребарување, а се проверува и можноста дсали можеби лицата по кои се трага влегле во територјалните води на Албанија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.