Филе за Радио Слободна Европа: Сега од Македонија зависи дали ќе добие датум!
Објавено на 9 мај, 2013 во 13:27
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во денешното интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека сега од Македонија зависи дали на Самитот на ЕУ во јуни ќе добие датум за преговори за членство во Унијата.
–„ Многу се надевам дека актуелниот предлог на господин Нимиц, кој е претставник на генералниот секретар на ОН во процесот кој го води Светската организација, ќе донесе некакви резултати во овој краток период,“ рече Филе.
Тој изрази загриженост за договорот од 1 март, затоа што не бил целосно имплементиран и додаде дека клучен елемент е Комисијата која треба да го истражи настанот.
-„И кога тоа сè уште го нема, се прашувам себе си што тоа говори за силата на демократските институции во таа земја,“ рече Филе.