Државата ќе прави земјоделци од социјалците!
Корисниците на социјална помош повторно имаат можност да аплицираат и да добијат државно земјиште на плодоуживање. Деновиве ќе биде распишан трет оглас за распределба на 730 хектари. Земјиштето ќе може да се користи во период од пет години. Социјалците кои ќе станат земјоделци од државата ќе добиваат и субвенции.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски информира дека кориснциите кои ќе одгледуваат житни, фуражни и индустриски растенија ќе се субвенционираат со по 20 илјади денари по хектар, но не повеќе од 120 илјади денари. Социјалците кои ќе одгледуваат градинарски култури ќе добиваат 55 илјади денари
Во првите две години, социјалците освен што ќе им биде обезбедено здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, ќе им се исплаќа и целиот износ од социјалната помош. Првично беше договорено во втората година да им се исплати само половина од износот.
Со оваа владина мерка, се очекува да се опфатат околу 360 лица, од 21 општина./ А.Д