Регистарот на педофили пред Уставен!

Објавено на 9 мај, 2013 во 20:37

Три члена од Законот за посебен регистар на лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија што беше донесен минатата година ги чешла Уставниот суд, јави 24 вести.

Уставен поведе поведе постапка за член од законот со кој се определува покрај другото во регистарот што го води Министерството за труд и социјална политика преку јавната установа Завод за социјални дејности да се објавуваат податоци на интернет страницата за регистрираните педофили.

Друг член од законот пак дава можност осуденото лице да побара изземање од јавно објавување на податоци во регистарот. Постои дилема дали објавувањето во регистрарот треба да биде веднаш по правосилноста на пресудата или по издржувањето на затворската казна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.