Заев останува во трката за претседател на СДСМ!

Објавено на 10 мај, 2013 во 20:37

Доколку не се средат состојбите и постапката за избор на лидер на конгресот закажан за 2 јуни, вечерва, на Извршниот одбор Зоран Заев се  заканил дека нема да поднесе кандидатура за претседател на СДСМ, пренесе А1.он

Партиски извори рекле  дека Заев ова го направил за да престанат дворските задкулисни игри кои создаваат негативна атмосфера и конфронтација во партијата.

Изворот за А1.он објаснил дека Заев не ја повлекол кандидатурата како што тврдеа дел од медиумите затоа што кандидатурите не се ни поднесени.

Заев сакал по Конгресот во неговата партија да се создаде славеничка атмосфера за да излезе партијата обединета и посилна. Со ова според многумина најсериозниот кандидат за претседател на СДСМ му праќа порака на Црвенковски дека не треба да ги подгрева игрите во партијата и треба да остави да се одвиваат фер избори.

Заев ја имал поддршката се до моментот кога објавил дека ќе биде кандидат но една од причините за ова е и нетрпеливоста меѓу Радмила Шеќеринска која јасно кажа дека го поддржува Заев и директорот за комуникации на СДСМ Наташа Савова. Денеска Шеќеринска беше во Струмица на разговори со Заев.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.