Евроамбасадорот Орав ќе посети десет села во рамки на кампањата „ЕУ одблизу“!
Патувачкиот автобус на ЕУ во рамки на кампањата, која завршува на 30 мај, ќе посети десет села во Македонија, соопштува Делегацијата на ЕУ во Македонија.
За време на информативната ампањата „Еу одблизу“ евроамбасадорот Орав прво ќе го посети струмичкото село Муртино, на 15-ти мај ќе присуствува во селото Кучевиште скопско, а на 30-ти мај заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе го посетат селото Вевчани.
Како што информира Делегацијата на ЕУ во Македонија, предвидена е посета и на Зелениково, Ваташа, Форино, Зајас, Миравци и Буково, кои ќе бидат посетени од амбасадорите на Бугарија, Обединетото Кралство и Унгарија.
Граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања поврзани со Европската Унија, а целта на кампањата е да воспостави директна комуникација со населението од руралните средини и да понуди информации поврзани со Европската Унија.