Внимателно возете, можни одрони на патиштата!
Во клисурите се бележи појава на поситни одрони, особено на патните правци: Демир Хисар – Кичево, Катланово-Велес, Д.Капија-Удово, Маврово-Дебар-Струга, Кочани-Делчево и Виница-Берово.
Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран. Забраната за тешки товарни возила и автобуси е укината и правецот е прооден за сите видови на возила. На овој патен правец во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози поради врнежи од дожд.
Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот наместо по една сега се одвива по две коловозни ленти, направен е бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а учесниците во сообраќајот треба внимателнода ги управуваат возилата, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација како и прилагоди брзината спрема условите на патот.
На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација ,семафори, која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.
На делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.
Патниот правец Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот кај село Пепелиште целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.