Во Куманово ќе се руши Гинисовиот рекорд во меурчиња!

Објавено на 13 мај, 2013 во 16:09

На Градскиот плоштад во Куманово, на 25 мај ќе се одржи интернационален настан од забавен карактер, под името Bubbles sky. Настанот ќе биде посветен на правење на голем број меурчиња од сапуница и организирање на многу игри и забава за сите присутни.

Ќе го организира здруженитето Центар за Меѓукултурен Дијалог од Куманово и Student City Council од Познан, Полска.

Организаторите рекоа дека за првпат во Македонија се организира ваков настан и ги повикаа сите млади и оние кои се чувствуваат така, да се придружат и заеднички се приближат кон Гинисовиот рекорд за најмногу меурчиња на небото.

На настанот ќе има улични анимации, настапи во живо од локалните бендови, цртање на хартија и на луе, наградни игри и неофицијално рушење на Гинисов рекорд во број на меурчиња од сапуница на небото./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.