Конференција: Парнерство со медиумите до нулта толеранција за семејно насилство!
Објавено: 15 мај, 2013, во 07:49 часот
Панел дискусија на тема „Во партнерство со медиумите до општество со нулта толеранција за семејно насилство“ денеска ќе се одржи во Скопје со учество на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, амбасадорот на Кралството Холандија, Марике Шурман и в.д постојаниот претставник на УНДП, Алесандро Фракасети.
Присуство најавија и претставници од Собранието на Република Македонија, на медиумите и граѓанските здруженија.
Панел дискусијата е дел од проектот „Превенција на семејно насилство преку компетентни национални институции“, имплементиран од УНДП и UN Women во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Академијата за судии и јавни обвинители, собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените, Женскиот парламентарен клуб и граѓанскиот сектор.
