Архитектите се договориле ГТЦ да го бранат од барокот со жив ѕид од луѓе!

Објавено на 4 јуни, 2013 во 17:28


Оваа идеја е прифатена на синоќешниот состанок на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Архитектите ќе се држат за раце и ќе прават жив штит околу градски трговски центар во Скопје за да го спречат барокното преуредување на објектот.

Од асоцијацијата ќе бараат помош и од граѓанските здруженија како и од граѓаните при договарањето што се треба да се превземе за да се зачува ликот на ГТЦ. Тие ќе одржуваат средби секоја вечер а главната средба е закажана за петок со почеток во 19 часот во просториите на Асоцијацијата на архитекти на Македонија во центарот на Скопје, пренесе Локално.мк.

На идејата трговскиот центар да се затвори и да се изгради во барок реагиралаат и сопствениците на деловен простор. Тие сметаат дека со тоа засекогаш ќе се намали енормно протокот на луѓе кои сега ГТЦ го користат како пешачка зона. ГТЦ е единствен трговски центар од отворен тип.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.