Осуммина повредени во сообраќајка кај Гостивар!
Попладнево кај Гостивар во сообраќајна незгода повредени се осум мина меѓу кои и деца.
Во судир помеѓу „Голф“ со италијанска регистарска ознака, „Опел астра“ со кумановска и Пежо 207 со охридска регистрација, четворица од вкупно осумте повредени се со посериозни повреди. Меѓу повредените имало и две малолетни деца.
Од “Голфот“ повреден е возачот, 36-годишниот Е.А. од село Пласница кај Македонски Брод, и две жени кои биле како сопатнички во автомобилот. Повреден е и возачот на „опелот“, 35-годишниот Б.С. од Куманово кој во автомобилот бил со сопругата и двете малолетни деца, седумгодишно момче и петгодишно девојче. Децата заедно со уште три повредени лица поради карактерот на повредите се пренесени во скопските клиники, додека на двајца им е укажана лекарска помош во гостиварската болница.
Несреќата се случила во моментот кога „голфот“ го претекнувал „пежото“ во правец кон Кичево, додека од другата страна на коловозот, автомобилот „опел астра“ претекнувал товарно возило, поради што дошло до директен судир меѓу „голфот“ и „опелот“.