Митрополитот Тимотеј и градоначалникот Села се сретнаа но не најдоа решение за црквата во Октиси

Објавено: 30 август, 2013, во 15:30 часот

И покрај очекувањата на јавноста, средбата која се одржа помеѓу дебарско кичевскиот митрополит г. Тимотеј и градоначалникот на општина Струга Зијадин Села, со цел решавање на проблемите околу изградбата на црквата Св. Димитрија во село Октиси, заврши без конкретен договор, пишува Охридњус.

По получасовната средба, г. Тимотеј не даде изјава за новинарите, додека пак струшкиот градоначалник со краток коментар дека   проблемот ќе треба да го решат верските заедници и дека тој ќе даде свој придонес во решавањето.

– Целта на средбата не беше да се договориме, туку да овозможиме граѓаните мирно и спокојно да живеат  и помеѓу нив да нема вакви верски проблеми, изјави Села.

Околу поднесеното барање, за времена мерка за запирање на активностите околу изградбата на црквата, Села смета дека тоа било најдоброто решение во моментов.

– Таа мерка е и од безбедносни причини. Со тоа ќе се даде време да се смират страстите и верските заедници да се договорат, рече струшкиот градоначалник.

Иако беше најавено, на денешната средба не присуствуваа претставници од Исламската верска заедница.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.