Нимиц: Спорот за името засега многу земји кои сакаат решение

Објавено: 29 јули, 2014, во 11:06 часот

Медијаторот на ОН за спорот со името Метју Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски изјави денеска дека проблемите не треба да се оставаат да тлеат, туку да се решаваат навремено.

Според него, прашањето за името засега многу земји вклучувајќи ги САД и Германија кои сакаат да се дојде до решение со оглед на случувањата во светот.

Нимиц порача и дека ОН не преговараат за идентитетите на народите и ги оцени како конструктивни разговорите со Груевски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.