ДВ: Бархман – Грција воопшто не е подготвена да преговара!

Објавено на 31 јули, 2014 во 06:15

Според искуството на пратеникот Хајнц-Јоахим Бархман (СПД) Грција не е подготвена да разговара и го игнорира она што го бараат европските земји – спорот околу името да заврши и Македонија да го продолжи европскиот пат, јави Дојче веле.

„Многу би ме радувало доколку посетата на Нимиц на Скопје и Атина донесеше нешто ново! Но, моето искуство од разговорите кои ги имав во текот на престој во Атина со претставници на владата (посетата беше во март годинава, н.з.), е дека Грција воопшто не е подготвена да разговара и дека го игнорира она што го бараат европските земји – расправијата околу Македонија да заврши, со што земјата ќе може да го продолжи чекорењето по европскиот пат. Јас не видов никакво раздвижување во Грција“, е коментарот на социјалдемократот Хајнц-Јоахим Бархман (на насловната фотографија), вицепретседател на Комисијата за европски прашања во германскиот Бундестаг.

Иако како и целиот Бундестаг и Бархман е на летен одмор, сепак неделава неговото внимание е повторно насочено кон Македонија и Грција, поточно кон разговорите околу спорот со името во Скопје и Атина на посредникот на ОН Метју Нимиц. На прашањето на ДВ – до кога може да егзистираат ваквите „рутински“ посети, од кои Македонија нема голема добивка, Бархман одговара:

„Не знам! Но, треба да се има предвид дека Нимиц веќе 20 години го има статусот на специјален ополномоштеник на ОН за решение на името, што е државен проблем. Тој работата ја започна во 1994-тата и според мене 20 години би требало да бидат доволни. Можеби навистина се труди, но главно е дека – нема напредок“, забележува Бархман.

Повторно актуелизирање на македонскиот проблем

Македонија од пред две недели повторно доби на актуелност во германската надворешна политика, конкретно по гостувањето на канцеларката Ангела Меркел на самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан во Дубровник и нејзините изнесени ставови околу Македонија, како и по традиционалната средба со

акредитираните новинари во Берлин. Тогаш Меркел кажа дека нејзините разговори околу името се доверливи, но подвлече дека „ќе дојде момент кога лично ќе се заложи“. ДВ го праша Бархман: дали и како конкретно може да помогне Германија?

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.