На претседателот Иванов во Прага ќе му биде врачена награда за демократија

Објавено на 4 август, 2014 во 07:54

Претставници на американскиот Институт за политички и економски системи, денеска, на македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе му ја врачат наградата за демократија и пазарна економија. Свечената церемонија ќе се одржи на Карловиот универзитет во Прага.

– На Иванов му се доделува наградата поради неговите достигнувања во промовирањето на економската слобода, намалувањето на даночните стапки и невработеноста, зголемувањето на транспарентноста и подобрувањето на јавното образование, се вели во образложението.

Фондот за американски студии од Вашингтон е формиран во 1967 со цел да развива студенски програми за САД, Европа, Јужна Америка, Азија и Блискиот Исток во областа на слободата и слободната економија.

Оваа престижна награда се доделува на лидери од Југоисточна Европа кои придонесуваат за слободата и слободните економски пазари во светот.

Меѓу добитниците на оваа награда што се доделува од 1994, се поранешниот претседател на Чешка Вацлав Клаус, поранешниот полски и поранешниот српски претседател Лех Валенса и Борис Тадиќ, како и експремиерите на Србија, Словенија, Хрватска и Унгарија, Зоран Ѓинѓиќ, Јанез Дрновшек, Иво Санадер и Виктор Орбан.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.