Какво време не очекува во текот на денот?
Објавено на 5 август, 2014 во 05:16
Времето денеска претпладне ќе биде претежно сончево. Попладне нестабилно со врнежи од дожд, кои прво ќе ги зафатат западните предели а во вечерните часови ќе ги зафатат и источните и југоисточните предели.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 13°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 26°C до 36°C. УВ индекс 6.
Во Скопје во вторник претпладне ќе биде претежно сончево, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 33°C. УВ индекс 6.
