Скопјанки и битолчанки најбарани проститутки во Црна Гора

Објавено на 11 август, 2014 во 14:17

При полициската операција „Марина” во ноќниот клуб „Сан Ремо” во црногорскиот туристички центар Будва биле уапсени макро, менаџер на локалот, соработници, неколку проститутки и клиенти.

Кога полицијата ја спроведувала рацијата во “Сан Ремо”, клубот бил полн со гости. Во приземјето има мала сцена на која девојка танцува стриптиз.

Девојките се изнајмувале од еден час, до цела ноќ со цена од 200 до 500 евра за клиент, а за цела ноќ и поскапо, зависно од клиентот и неговите специфични потреби.

Во Црна Гора со години е активна елитна проституција, кога гостите кои имаат пари, а и јахти, доаѓаат таму и бараат услуги од елитни проститутки кои немаат многу клиенти, и не се “потрошени“ а се избрираат од редот на студентки, фото модели и манекенки од регионот кои во секојдневниот живот не се занимаваат редовно со таа професија, туку за надомест од 1.000 евра па нагоре за еден ден одработуваат со клинетот, а откако ќе одработат 20-30 клиенти во текот на летото се враќаат назад. Во својот град, на својата редовна професија, се враќаат како ништо да не се случило.

Според црногорската полиција, веќе со години меѓу најбараните се две девојки од Скопје, и една од Битола од кои едната доаѓа повремено во Црна Гора, на повик, како службено патување за сосема поинакви бизнис цели.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.