Професор доживеа инфаркт сред седница на Научно наставен совет

Објавено на 22 август, 2014 во 13:34

Александар Костадиновски, еден од тројцата професори кои штрајкуваа со глад од штипскиот Економски факултет, доживеал срцев удар на седницата на Советот, на која се одлучуваше за нивната судбина, јави Радио Канал 77.

Радиото пренесе дека во момент на жестока дискусија, кога Костадиновски се обидел да ги одбрани своите ставови, деканот Ристо Фотов го повикал обезбедувањето, со цел да го спречи во натамошното излагње. Тогаш на професорот Костадиновски му се слошило и итно е префрлен во штипската Клиничка болница. Таму му е дијагностициран срцев удар. Во следните часови му се прават испитувања, по што најверојатно ќе биде пренесен во Скопје.

Додека лекарите се грижат за Костадиновски, професорката Маргарита Матилеска беше испитувана од полицијата. Деканот Ристо Фотов ја побарал заштита од полиција бидејќи во турканицата со Костадиновски, Матлиеска го изгребала. Матлиеска негираше додека полицијата правеше записник.

Деканот Ристо Фотов не одговараше на нашите телефонски повици. Во еден момент додека полицијата го документираше случајот пред Економскиот факултет, Фотов во придружба на двајца од обезбоедувањето влезе во асвојот автомобил и покрај повиците на новинарите, си замина од пред факултетот. Неофицијално, по краткиот прекин и пренесувањето на Костадиновски во болница, седницата на Наставно – научниот совет продолжила. Тројцата професори со мнозинство гласови не се примени на факултетот.

Шајноски, Матлиеска и Костадиновски најавуваат дека ќе ја обжалат одлуката.

Фото: Радио Канал 77

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.