Какво време не очекува во текот на денот?
Објавено на 3 септември, 2014 во 05:25
Времето денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Локално се очекува да наврнат и до 25 литри дожд на метар квадратен.
Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а ќе има и појава на магла. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 26°C.
Во Скопје ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 24°C.
