(ВИДЕО) Македонец учествувал во разбојничката банда во Бахреин

Објавено на 11 септември, 2014 во 14:15

Во големата кражба  од 1,4 милиони долари која се случи минатата година во продавницата на „Ролекс“  во Бахреин , учествувал и македонски државјанин.  Ѓерѓ  Ѓин е член на бандата која минатата година  украде 80 скапоцени часовници.

Шестемина разбојници се маскирале како муслиманки со бурки и ја ограбиле продавницата во еден од трговските центри во Бахреин, по што успеале да му избегаат на обезбедувањето.

Крадците се идентификувани, но уапсен е само еден од нив, како и две други лица кои им помогнале да го напуштат Бахреин по грабежот. Властите трагаат по нив преку Интерпол.

На 36-годишниот македонски државјанин му се суди во отсуство и пресуда треба да му биде изречена следната недела.

На Јутјуб е објавено видео од спектакуларниот грабеж.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=DFG8vF0MF14{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.