Во Кичево убиена средовечна жена а сопругот осомничен
Објавено на 8 октомври, 2014 во 08:08
Средовечна жена била пронајдена мртва во подрумска просторија во куќа во Гостивар. Според првичните информации од обвинителството таа била убиена со неколку убоди со остар предмет. Најверојатно се работи за убиство , а во полициска станица бил приведен сопругот на убиената. Засега тој е осомничен како можен сторил на делото.
Во текот на денот од полицијата и обвинителството најавуваат расчистување на случајот и повеќе детали околу околностите и мотивите за убиството.
