Фолк пејачка прегазила пешак

Објавено на 9 октомври, 2014 во 12:32

Позната фолк пејачка од македонската естрада вчера попладне прегазила пешак на улицата Рузвелтова во Скопје. Пејачката со својот автомобил удрила во старец кој ненадејно и го попречил патот, пренесе Радио Канал 77.

За потсетување, несреќата се случи во 16 часот и 10 минути кога на улицата “Франклин Рузвелт” поточно во близина на крстосницата со улицата “Роџер Бошковиќ”, таа со својот автомобил Ауди, со скопски регистарски таблички, удрила во скопјанецот Киро Д.(76) од Скопје.

Полицијата извршила увид, а телото на починатиот скопјанец било дадено за обдукција.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.