Резултатите од тестовите ќе треба да покажат дали Британецот во Скопје починал од ебола

Објавено на 10 октомври, 2014 во 07:29

Тестовите што ќе бидат извршени во Германија ќе покажат дали британецот кој вчера бил примен во Клинката за инфективни болести во Скопје со симптоми на ебола и починал од ова заболување.

Засега, според доктор Јованка Костовска, не може да се потврди дали станува збор за ебола или за друга болест.

Британецот влегол во Македонија на 2 октомври, а како што изјавил неговиот колега, тој не престојувал во земја која е ризично подрачје за ебола.

Во болницата веднаш се преземени безбедносни процедури, а персоналот што имал контакт со починатиот е ставен во карантин.

Во карантин се и вработените и лицата во хотелот каде што престојувал британскиот државјанин.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.