Уапсен поранешен функционер во одбрана и бизнисмени
Објавено на 21 октомври, 2014 во 12:03
Седум бизнисмени и еден поранешен фунционер на Министерството за одбрана, се приведени во утринската полициска акција.
Осомничени се проневера на неколку милиони долари при сервисирањето на армиските хеликоптери. Според полициските наоди, осомничените отворале оф-шор компании и парите за сервисирање на леталата ги префрлале од една компанија на друга.
Под обвинение за перење пари, приведените во моментов се во скопскиот Кривичен суд, пред судија на претходна постапка.
