ЗНМ: Акцијата за солидарност со колегите на Фокус е успешна
За помалку од десет дена на нашата жиро сметка се собрани најголемиот дел од потребните 9 илјади евра, колку што колегите треба да му исплатат на директорот на УБК Сашо Мијалков, како надомест за нематеријална штета за клевета, стои во соопштението на Здружението на новинари на Македонија.
„ Најискрено им се заблагодаруваме на сите новинари и на секој граѓанин на Македонија коишто во изминатите десет дена донираа за колегите на Фокус. Стануваме се посвесни дека не смееме да дозволиме да се задушува слободата на печатот затоа што без слобда на изразување не можеме да биде слободни граѓани.
Ова е голем успех на новинарите и на ЗНМ. Зајакнува солидарноста меѓу новинарите и расте поддршката на новинарите од македонскада демкократска јавност. После ова акција сме посилни и поединствени во заштитата на основните демократски вредности.
Успехот на акцијата е силна порака дека новинарите нема да се скршат лесно со закани и високи казни затоа што ја имаат подршката од колегите и на јавнста. Денеска се здруживме околу колегите на Фокус, а утре ќе бидеме обединети околу секој новинар на кој ќе му е потребна нашата поддршка.
На крај им се обраќаме на колегите и граѓаните кои поради објективни причини досега не беа во можност да донираат за колегите на Фокус. Останува уште малку да ја достигнеме сумата од девет илјади евра. До понеделник имате можност да ни се придружете во акцијата и да ја заокружиме сумата и со тоа заеднички да прославиме една од најуспешните акции за солидарност меѓу новинарите.“
