Притвор за тројца приведени во акцијата „Арсенал“

Објавено на 22 октомври, 2014 во 16:05

Тројца од уапсените во вчерашната полициска акција „Арсенал“ добија 30 дена притвор по завршување на распитот пред судија, додека за останатите определени се мерки за претпазливост, стои во соопштението на Судот.

Поранешните функционери во одбрана и актуелни бизнисмени се сомничат за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување, перење пари и други приноси“.

По предлогот на Основното јавно обвинителство, судија на претходна постапка одлучи да им одреди мерки за обезбедување:

Притвор во траење од 30 дена добија Б.Б., В.Ѓ. и В.Б.Ѓ, за кривичното дело перење пари и други приноси.

За Н.М., Ж.П., Д.Н., Ј.Ѓ. и В.Ѓ. осомничени за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси, Судот им наложи повремено да се јавуваат на определено службено лице или кај надлежен државен орган и ним им се одземени пасошите.

Лицата во „Арсенал“ се осомничени дека од 2004 до 2009 година го оштетиле Министерството за одбрана за 2.7 милиони долари преку преплатување на цената за сервисирање на шест армиски хеликоптери.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.