Пронајдено , мртво, исчезнатото дете во Штип
Објавено: 13 ноември, 2014, во 16:25 часот
Тригодишниот Чинар Сулејманов, изутрината бил пронајден мртов во близина на винкенд населбата Суитлак во Штип. Детето е најдено на еден километар од куќата каде живее семејството Сулејманови.
Полицијата, која заедно со роднините трагаше цела ноќ, врши увид на теренот. За причините за смртта засега не може да се зборува. Луѓето кои беа на местото каде е најдено детето, кажуваат две верзии – дека веорјатно заталкало на пат кон дома и прегладнето по студената ноќ починало, додека втората верзија е дека било нападнато од животно.
Мајката која го пријави изчезнувањето на детото во полицијата изјавила дека последен пат е видено завчера околу 16.30 часот, кога малиот заминал кај неговиот дедо.
Тригодишниот Чинар со други деца бил забележан како пита на центарот на Штип.
