Какво време ќе имаме за новогодишната ноќ?
Објавено: 31 декември, 2014, во 07:01 часот
Во текот на новогодишната вечер ќе биде претежно ведро и суво без врнежи, студено е ветровито. Ќе има појава на голомразица.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 50км/ч. Температурите ќе се спуштат до -16°C односно до -8°C.
Новата година ќе ја започнеме со ледено утро со температури кои што ќе се спуштат до -16°C односно до -8°C. Во четврток преку ден ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и студено. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Максималните дневни температури ќе се движат од -6°C до 1°C.
https://weather4all.com.mk


