Денеска сончево, со студено утро
Објавено: 24 јануари, 2020, во 08:56 часот
Времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде претежно сончево, наутро студено, а преку денот со слаб јужен ветер.
За време на викендот ќе биде променливо облачно.
В недела од средината на денот, преку ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.
Од недела утринските температури ќе се покачат.



